Со нашата страст
ние можеме да ви помогнеме
ПОРТАЛИ
Пруф-принт изработува комплетни комерцијални кампањи за производи и услуги за социјални мрежи, тв и радио, со сопстеван идеја или по предлог и барање на клиентот. Работи и специјализирани видеа интервјуа за потребите на компании и поединци.Исто така нуди пакет услуги за рекламирање и промовирање на производи и услуги на двата врвни медицински интернет страници www.panacea.mk и www.pedijatar.mk.
ИНВЕНТИ и ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАНИ
Специјализирани сме за организација на конгреси, семинари, прослави, собири на сите нивоа, од котизација до престој и сместување, со професионален долгогодишен тим кој функционира заедно, како и поседувајќи комплетна опрема за реализација на истите, од видео бимови и ѕидови, до опрема за снимање, интерен и екстерен стриминг, како и дизајн и производство на целокупниот принтан материјал, вклучително и забавниот дел на настаните со врвни зиведувачи од земјата и странство.
ПОДДРШКА и ПРОДУКЦИЈА
Пруф Принт поседувајќи комплетна опрема за реализација на настани, уникатни Lid банери во различни димензии видео бимови, опрема за снимање, интерен и екстерен стриминг, како и дизајн и производство на целокупниот печатен материјал.
Пруф-принт исто така дава комплетни продукциски услуги од областа на филмска и видео продукција, студиски услуги за снимање на реклами и подкасти, снимање на радио и анимирани комерцијални спотови, услуги во областа на стрипот, илустрациите, на графичкиот дизајн, во изработката на оригинална музика, сонгови и џинглови, во изработката на професионални сценарија за настани, како и кастинг на актери, водители, статисти.